Капитенот на нашата У17 репрезентација, Фадиљ Исламовиќ (17) е пред трансфер во Хајдук.Имено како што денеска пренесува “Germanijak.hr“. Хрватскиот гигант пикирал неколку млади фудбналери и тоа од Кустошија, тим за кого настапува и споменатиот Исламовиќ за кого во тамошната јавност се посочува како еден од бисерите на тој тим, а негов менаџер е познатиот Енди Бара.
Инаку “СпортСпорт“ пред три месеци направи интервју со Исламовиќ во кое тој говореше за трансферот во тој хрватски клуб како и за споменатиот Бара.
Еве што се пишува за детето од Ѓорче…
“Се чини дека Хајдук нема намера да застане само на Белињо. Според нашите информации, тие би сакале да доведат уште двајца играчи од Кустошија.Првиот пик е Фадиљ Исламовиќ, Македонец, пет дена постар од Белињо. Тој одигра 21 натпревар за кадетите, во сите од нив беше стартер, постигна осум гола, играч од средниот ред по професија, одличен на крило, толку доминантен што можете да го преместите речиси насекаде и нема да погрешите. Во Кустошија го донесе Бара, а телефонот на директорот на школата Томислав Бутина не престанува да ѕвони деновиве со прашања за Македонецот. Секако, има план и за него, кој е повеќе склонен да оди преку Брегана, но Кустошија е подготвена да седне на маса и да слуша за понудите“










