Атанасовски: Секој настап за Македонија е посебен, а голот е само мотив повеќе

76

Македонската фудбалска репрезентација до 20 вчера на домашен терен на комплексот Петар Милошевски во Скопје, го имаше својот втор настап. Откако одигра пријателски меч во Лихтенштајн пред извесно време, сега на ред дојде што се вели и „реваншот“ на наше тло против истиот противник.

Нашиот национален тим предводен од селекторот Александар Таневски успеа да обезбеди нова победа овој пат минимална со 1:0 со голот на Лука Атанасовски.

Детето на на Вардар кое што сега настапува за Тетекс добива голема минутажа во националниот тим, и истата ја користи на правилен начин.

„Секако дека е голема чест и задоволство да се настапува за националниот тим. Дресот на Македонија за секого од нас е нешто посебно. Голот е само мотив повеќе да продолжиме да работиме напорно, напредуваме од меч во меч, дали е тоа во националниот тим или на клупско ниво, и да се обидеме да станеме најдобри што можеме. Благодарност до селекторот Таневски за укажаната шанса, до стручниот штаб, секогаш кога сме дел од националниот табор се чувствуваме привилегирано“ – вели за Спортспорт, Лука Атанасовски.

 

ПретходноМеси, Роналдо и Очоа – тоа ќе бидат рекордерите на Светските првенства
СледноЛазаров го објави списокот за мечот со Австрија