Борозан: Мечот со Алкалоид за нас е финале на сезоната

158
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

„Бомбардерот“ на екипата на ГРК Охрид, Вуко Борозан, пред саботнотго дерби со Алкалоид во Суперлигата, потенцираше дека ова е мечот на сезоната за охридските гладијатори.

„Натпревар на сезоната. Влогот е Европска лига, очекуваме многу квалитетно натпреварување, цврста одбрана во двата правци, мислам дека одбраната ќе биде клучот до победата. Кој и да игра подобра одбрана ќе победи. Се надевам дека тоа ќе бидеме ние. Се подготвуваме максимално и знаеме дека ова е финале на Супер лигата за нас. Затоа, едноставно нека дојдат во што е можно поголем број навивачи за да бидат наш осми играч“, изјави Борозан.

ПретходноГо турна момчето кое собира топки, па потоа му се извинуваше и му го подари дресот (ВИДЕО)
Следно„Телеграф“: Во Тотенхем е хаос, никој не го „ферма“ Тудор