Газели Волеј за првпат во историјата на Ф4 турнирот во Купот на ОФМ

24
фото: Gazeli Volley (FB)

Одбојкарките на Газели Волеј се последните патнички на завршниоот турнир од Купот на ОФМ за 2026 година. Во последниот натпревар од четвртфиналето одигран синоќа, Газели Волеј славеа со 3:0 (25:16, 25:20, 25:13) над екипата на Пелистер Волеј.

За одбојкарките на Газели Волеј ова е историски успех, затоа што за првпат од своето постоење обезбедуваат пласман во завршницата на Купот.

Претходно, место на завршниот турнир обезбедија и екипите на Наковски Волеј, Вардар ЕМ и Младост УГД.

ПретходноПелистер утре ги пушта во продажба билетите за големото дерби со Вардар
СледноГо турна момчето кое собира топки, па потоа му се извинуваше и му го подари дресот (ВИДЕО)