Фудбалерот на Челзи, Педро Нето, се извини за тоа што турна едно момче кое собираше топки на мечот со ПСЖ синоќа, кон крајот на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Топката излезе надвор од теренот во судиското продолжение, кога Нето, во обид да ја врати брзо во игра, го турна момчето кое падна, но стана и изгледаше неповредено. Играчите на ПСЖ тргнаа да му помогнат, а потоа влегоа во пресметка со Нето за ваквиот потег.
„Сакам да се извинам за она што се случи на теренот. Разговарав со момчето… Губевме, сакав да ја вратам топката што е можно поскоро и го турнав. Видов дека го повредив и ми е жал, бидејќи не сум таков. Му го дадов и мојот дрес. Тој беше среќен што му го дадов дресот и му се извинив околу 35 пати“, рече Нето по синоќешниот натпревар.
O Pedro Neto empurrou o gandula pra pegar a bola 😳
— DataFut (@DataFutebol) March 11, 2026










