Дориев доби повик од Седлоски и веднаш постигна гол!

445

Доби повик од новиот селектор и веднаш постигна гол. Имено не му требаше многу на нашиот интернационалец во Узбекистан, Љупче Дориев да покаже дека е еден од најдобрите голгетери во тамошниот шампионат и дека заслужува да се врати во репрезентацијата. Имено Македонецот попладнево во меч од 3.коло во новата сезона во елитната лига во Узбекистан го постигна својот прв гол за својот тим Согдиана.

Се играше 45+1.минута од првото полувреме кога стрелаше за 0:1 на гостувањето кај ОКМК.

Интересно е тоа што по тој гол на паузата од двете полувремиња, Дориев беше заменет. На крајот овој натпревар заврши со резултат 2:2.

Ова доаѓа веднаш откако, барем според социјалните мрежи на клубот, Дориев добил повик од новиот селектор Гоце Седлоски за претстојните баражи за пласман на СП 2026.

Да споменеме дека македонскиот репрезентативец во Согдиана е од јули 2023 година кога направи трансфер од Шкендија.

ПретходноШкендија се пофали: Седлоски со дебитански повик за Имран Фетаи
СледноВерстапен со предупредување до Формула 1: Не сакам да си заминам, но се надевам на подобрувања