Дрејпер го споре Ѓоковиќ во осминафиналето на Индијан Велс

240
фото: Novak Djokovic @DjokerNole (X)

Најдобриот светски тенисер низ историјата, србинот Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на Мастерсот во Индијан Велс по поразот во осминафиналето од Британецот Дрејпер во три сета, 2-1 (4-6, 6-4, 7-6(7-5)). Ѓоковиќ настапот во „тенискиот рај“ го заврши со две победи, обете по три сета, но ниту оваа година нема да се пласира подалеку од осминафиналето.

Џек Дрејпер, моментално 14-ти играч во светот, обезбеди место во следната рунда, со што ќе продолжи да ја брани минатогодишната титула во калифорниската пустина, неговиот единствен Мастерс во кариерата.

Исклучително возбудливиот, квалитетен и израмнет натпревар траеше два часа и 37 минути, а беше решен дури во тај-брејкот од решавачкиот сет, во кој Британецот израмни два поени достојни за големо славје на 5:5.

Дрејпер можеше да триумфира на побрз и побезболен начин, бидејќи имаше предност од брејк во третиот сет, водство од 5:4 и шанса да го заврши мечот со своите сервиси, но повторно инстинктот „Ѓоковиќ“ проработи кај српскиот тенисер – тој го врати брејкот во последната минута во голем стил, со само еден загубен поен во играта. Сепак, се покажа дека само го одложуваше неизбежното.

Џек Дрејпер ќе игра против Русинот Данил Медведев во четвртфиналето.

ПретходноВалверде:“Неверојатно! Секогаш сонуваш за вакво нешто!“
СледноНов „трипл-дабл“ на Јокиќ, Клиперси подобри од Минесота (ВИДЕО)