ЛЕ и ЛК: Селта ремизираше со Лион, Митјиланд го шокираше Нотингем Форест

16
ФОТО:.facebook.com/rccelta/

Вечерва се одиграа уште осум средби од осминафиналето, први мечеви, во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Селта на свој терен во Виго одигра 1:1 иако имаше водство со голот на Руеда во 25.минута, израмни Ендрик во 87.минута. Јасно е дека во реваншот ќе биде супер интересно.

Сензација приреди Митјиланд, кој со гол во 80.минута на Чо Гуе -Сонг, успеа да го победи како гостин фаворизираниот Нотингем Форест.

Во Лигата на Конференции, Цеље дома беше декласирано од АЕК со 0:4, Кристал Палас одигра само 0:0 со АЕК Ларнака а Фиорентина го победи Раков со 2:1.

ЛИГА ЕВРОПА

Селта Виго – Лион 1:1

Ференцварош – Брага 2:0

Генк – Фрајбург 1:0

Нотингем Форест – Митјиланд 0:1

ЛИГА КОНФРЕНЦИИ

Цеље – АЕК 0:4

Кристал Палас – АЕК Ларнака 0:0

Фиорентина – Раков 2:1

Сигма – Мајнц 0:0

ПретходноНено и Баерн со звукот на сирената поразени од Ефес!