Некогашниот НБА шампион повторно удри по Јокиќ

106

Поранешниот шампион на НБА и сегашен аналитичар Кендрик Перкинс упати остри критики до Никола Јокиќ, велејќи дека српскиот ас не се претставува на нивото на кое публиката е навикната во последно време.

Перкинс смета дека падот на формата е особено видлив во завршницата на натпреварите, каде што Јокиќ порано беше клучна фигура.

„Гордон се врати, но Вотсон сè уште е отсутен, а им е потребен, нели? Денвер има проблеми со запирањето на нападите на противникот. Невообичаено е да се види Никола Јокиќ како игра вака во финишот на натпреварите. Тој е едноставно ужасен во последните месец и пол“, рече Перкинс.

Сепак, поранешниот кошаркар на Бостон нагласува дека српскиот центар сè уште е во состојба да погодува важни удари кога играта е во фаза на кршење, но истакнува дека постојат и други елементи од играта кои во моментов не се на задоволително ниво.

„Кога ќе дојде крајот на натпреварот, Никола прави важни шутеви, но зборувам за изгубени топки, за неговите плус-минус перформанси. Исто така, не мислам дека Јокиќ е во најдобра форма во моментов. Треба да биде во подобра физичка кондиција“, додаде Перкинс.

Американскиот аналитичар се потсети и на периодот кога Јокиќ доминираше пред шампионската сезона на Денвер, нагласувајќи дека тогаш изгледал физички поспособен.

„Се сеќавате како изгледаше кога беше на врвот на својата форма, пред шампионската сезона. Во текот на летото, вежбаше трчање по скали, беше посилен, подефиниран и играше одлично и во нападот и во одбраната“, заклучи Перкинс, пренесува „Hoopshype“.

И покрај критиките, Јокиќ продолжува да бележи врвни бројки. Оваа сезона, српскиот центар има просек од 28,6 поени, 12,5 скока и 10,4 асистенции, а во последниот натпревар забележа уште еден трипл-дабл во победата на Денвер против Хјустон.

ПретходноАргентина не сака “финалисима“ да се игра во Мадрид!
СледноПо хет-трикот против Сити: Валверде ја доби најважната “десетка“ во фудбалот!