Кошаркарите на Анадолу Ефес остварија голема победа против Ненад Димитријевиќ и Баерн во Минхен, 81:80, крунисувајќи го брилијантното второ полувреме со тројка на Кол Својдер при звукот на сирената, во кое ја надоместија двоцифрената негатива зад домаќините од првиот дел од натпреварот од Евролигата.
По големата победа против Црвена звезда во Белград, момците на Светислав Пешиќ беа во добра позиција да победат против Ефес и да ги одржат своите надежи во борбата за место во плеј-инот.
Македонецот заврши со два поени, и тоа од слободни фрлања на 55 секунди до крајот, како и со 3 скока и две асистенции.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Монако – Олимпијакос 81:80, Дубаи – Басконија 100:94, Реал Мадрид – Валенсија 96:79.










