Пелистер утре ги пушта во продажба билетите за големото дерби со Вардар

121

Во недела не очекува големото ракометно дерби во домашното првенство. Во Битола актуелниот шампион Е. Пелистер го пречекува лидерот Вардар во меч кој може да биде и пресуден за двата тима во трката за шампионската титула.

Од редовите на „зелено-белите“ објавија дека од утре стартува продажбата на билетите за големото дерби. Истите ќе се продаваат преку клупскиот портал kartieurofarm.mk и на уште неколкку локаци во градот. Продажбата ќе стартува утре од 13:30 часот.

Натпреварот во недела е закажан со почеток од 19 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

ПретходноПеп: Натпреварот и не беше лош, ама резулатот – катастрофа!
СледноГазели Волеј за првпат во историјата на Ф4 турнирот во Купот на ОФМ