Претстои битка до последен здив: Ова е распоредот на Вардар и Шкендија во третиот круг!

148

Пред нас е “третиот круг“ во сезоната која ќе ја паметиме по многу работи, а најмногу поради фактот дека и кај нас за првпат се воведе ВАР технологија. Секако дека во преден план е битката на Вардар и Шкендија за титулата. Ова е битка меѓу нашите најтрофејни клубови кои заедно тежат 16 титули или речиси половината во самостојна Македонија.

Вардар е во предност со оглед на тоа дека има +3 бода пред Шкендија а и поради фактот дека последниот меч, тој во 33.коло, кој може да биде решавачки го игра како домаќин против Шкендија. Јасно е дека претходно се можни киксови во тие 10 кола и на двете екипи ама ако се биде според очекувањата тогаш во мај во тоа последно коло може да се случио токму тој меч да биде решавачки за тоа кој ќе биде шампион. За последен пат такво нешто се случило во 2013 година кога во последниот меч во сезоната Вардар го победи Хоризонт, на кого му требаше победа како гостин, и ја освои титулата пред своите фанови на Арената.

Тоа ќе биде и трет меѓусебен дуел оваа сезона меѓу скопските и тетовските “црвено – црни“. Во претходните два и Вардар и Шкендија како гости славеа со по 0:1. Значи ако вака остане до тоа 33.коло, тогаш на Вардар иако има +3 бода предност му треба најмалку бод, додека Шкендија со било каква победа е шампион.

Но, има време до тогаш. Можеби и пред тоа последно коло да биде решено кој ќе биде првак на Македонија.

Јасно е дека најголемите “мини“ се, за Вардар гостувањето кај Струга ТЛ, а за Шкендија гостувањето кај Силекс.

23.КОЛО

Вардар – Брера

Шкендија – Арсими

24.КОЛО

Македонија ЃП – Шкендија

Арсими – Вардар

25.КОЛО

Вардар – Македонија ЃП

Шкендија – Пелистер

26.КОЛО

Работнички – Шкендија

Пелистер – Вардар

27.КОЛО

Вардар – Работнички

Шкендија – Шкупи

28.КОЛО

Тиквеш – Шкендија

Шкупи – Вардар

29.КОЛО

Вардар – Тиквеш

Шкендија – Башкими

30.КОЛО

Силекс – Шкендија

Башкими – Вардар

31.КОЛО

Вардар – Силекс

Шкендија – Струга ТЛ

32.КОЛО

Шкендија – Брера

Струга ТЛ – Вардар

33.КОЛО

Вардар – Шкендија

ТАБЕЛА

1.ВАРДАР 55

2.ШКЕНДИЈА 52

ПретходноНов „трипл-дабл“ на Јокиќ, Клиперси подобри од Минесота (ВИДЕО)
СледноПеп: Натпреварот и не беше лош, ама резулатот – катастрофа!