Форбс: Федерер и официјално е милијардер

83

Американскиот магазин Форбс, специјализиран за финансии на својата најнова листа на најбогати луѓе на светот, во сврсти и Роџер Федерер. Сега веќе пензионираниот тениски ас според магазинот во моментов има богатство од 1.1 милијарда долари, што го става на 3.185 место од 3.428 милијардери на светот.

Прв секако е сеуште неприкосновениот Илон Маск со проценето богатство од 839 милијарди долари.

Што се однесува пак до Федерер, тој својата тениска кариера ја заврши во 2022 година, а во текот на неа освои 20 Гренд слем титули, и е трет по ова достигнување зад Рафаел Надал со 22 и неприкосновениот Новак Ѓоковиќ со 24.

Богатството како дополнение најмногу го стекна до комерцијални договори, или популарно наречените реклами.

 

Претходно„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид
СледноСудиите добија нови дресови – во три различни бои!