Шкендија се пофали: Седлоски со дебитански повик за Имран Фетаи

567
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Одличните настапи во Шкендија беше доволна причина за да Имран Фетаи да добие дебитанска покана за настап во дресот на Македонија, открија од таборот на актуелниот македонски првак.

Според нив селекторот Гоце Седлоски, ги покани играчот од средниот ред Решат Рамадани и дефанзивецот Имран Фетаи за двата квалификациски натпревари што ќе се одржат на крајот од месецот.

Македонија ќе се соочи со Данска на 26 март во Копенхаген и Ирска или со Чешка на 31 март во Даблин или Прага.

За Рамадан, ова е уште една покана за А репрезентацијата, додека за Имран Фетаи, ова е негов прв повик, кој доаѓа по многу успешната сезона со Шкендија и во домашното првенство и на меѓународната сцена, каде што црвено-црниот тим испиша историја во Конференциската лига на УЕФА.

ПретходноКуртоа: Знам како му е на Кински, мене Меси ми даде два гола меѓу нозе на еден меч
СледноДориев доби повик од Седлоски и веднаш постигна гол!