Маестралниот Jака Малус се најде во ТОП 5 друштвото на најдобрите стрелци во ЕХФ Европската лига. По завршувањето на главната фаза по групи, Словенецот во дресот на „црвено-црните“ се проби на петтото место на генералната листа на стрелци со 57 постигнати гола.
Прв на листата е Аксел Мансон, ракометарот на шведски Кристијанстад со 88 погодока, по што следуваат Рикардсон (Кадетен) со 74, Гуликсен (Елверум) со 71 и Хансен (Архус) со 59 погодока.
Јака Малус оваа сезона блеска во дресот на „вардарци“, па се очекува да биде моќно оружје и за претстојните четвртфинални дуели во ова европско натпреварување.










