
Тимот на Бодо Глимт го живее својот европски сон веќе неколку месеци. Малиот норвешки клуб не само што ја мина групната фаза од Лигата на Шампионите, туки вчера во рамките од осминафиналето од ова натпреварување на свој терен го декласира Спортинг Лисабон со огромни 3:0.
Резултатот секако дека прија, а тренерот на Бодо, Кјетил Кнутсен, задоволен но и претпаслив во изјавата по мечот.
„Чувството е многу убаво. Ми се допадна како игравме, особено во првото полувреме. Спортинг ни остави многу слободен простор и ние го искористивме тоа“, призна Кнутсен по натпреварот во Норвешка.
„По паузата, дејствувавме малку поотворено отколку што требаше. Му дозволивме на Спортинг да направи многу контранапади и ни беше потешко да се браниме“, објасни долгогодишниот тренер на Бодо.
„Реваншот ќе биде сосема поинаков. Сега сум среќен со денешната победа. Ќе ги искористиме на најдобар можен начин следните неколку дена. Вториот натпревар сигурно нема да биде ист и треба добро да се подготвиме“, рече Кнутсен.









