Селекторот на машката македонска ракометна репрезетација, Кирил Лазаров го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот дуел против Австрија во рамките од ЕХФ неделата.
Селекторот за оваа прилика нема да смета на искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски пред се затоа што ова е недела пред се за контроли, и ќе се испрубуваат варијанти, и тактики.
Од друга страна пак повторно тука е Милан Лазаревски, додека на списокот ги нема Мартин Серафимов и Игор Ѓорѓиев.
Македонија ќе игра пријателски натпревар против Австрија на 21 март од 18:00 часот во градот Брегенц.
Овој дуел е дел од подготовките за бараж двомечот против Украина или Словачка за пласман на СП 2027 што ќе се одигра во мај.











