ЛШ: Киелце со гостинска победа, познати се осминафиналните двојки!

79
ФОТО:facebook.com/kielcehandbal

Со вечераните мечеви од 14.коло заврши и официјално групната фаза во годинашната ракометна Лига на Шампиони.

Киелце како гостин славеше кај Колстад со 26:27,во меч од групата А, исто и Алборг на гости славеше со Веспрем со резултат 33:38. Фуксе Берлин, во за него неважен меч, беше поразен дома од Нант со 34:37. додека Спортинг и Динамо Букурешт одиграа 30:29.

Однапред се знаеше дека 1/4 финалето директно се пласираа Барселона, Магдебург, Фуксе Берлин и Алборг. Додека во осминафиналето ќе играат Киелце, Нант, Веспрем, Спортинг од групата А, а Висла, ПСЖ, Гог и Сегед од групата Б.

Ова се двојките:

Сегед – Киелце (Магдебург), Спортинг – Висла (Алборг), ГОГ – Нант (Барселона), Веспрем – ПСЖ (Фуксе Берлин).

Да потсетиме дека нашиот шампион, тимот на Пелистер групната фаза во Б групата ја заврши на седмата позиција.

ПретходноЗа ова Баерн Минхен мора да биде казнет!
СледноНено и Баерн со звукот на сирената поразени од Ефес!