Менди ќе пропушти неколку мечеви

27

Поради повреда на мускулот, левиот бек на тимот на Реал Мадрид, Ферланд Менди синоќа беше прерано заменет на дуелот од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Манчестер Сити, кој патем „Кралевите“ го добија со убедливи 3:0.

Менди според зборовите на тренерот Арбелоа, ќе одуствува минимум еден меч, а најверојатно повеќе поради спецификата на повредата.

Францускиот дефанзивец беше повреден поголемиот дел од минатата сезона откако заработи повреда на мускулот на почетокот на ноември. Но, се врати минатиот викенд и ги одигра сите 90 минути против Селта Виго во Ла Лига. 

 

ПретходноПо хет-трикот против Сити: Валверде ја доби најважната “десетка“ во фудбалот!
СледноЛЕ и ЛК 1/8 финале: Без победник во италијанската пресметка, Вила и Порто со гостински победи, Рајо убедлив кај Самсунспор!