Кошаркарите на Црвена звезда во 31-то коло од Евролигата го победија Фенербахче во Белградската Арена со 79:73. Пред полни пет месеци, Звезда беше во кризен момент, два порази на почетокот од Евролигата, а тренерот Јанис Сферопулос беше отпуштен. Под водство на Саша Обрадовиќ, Звезда постигна уште 17 победи, вклучувајќи ја и новата, втората оваа сезона над бранителот на тронот во Евролигата, и јасно е дека белграѓани ќе се борат за плејофот.
Одличната одбрана на Звезда донес еодлична завршница за домашните и пат кон отворена победа.
Монеке го предводеше натпреварот со 21 поен и четири скока. Нвора постигна 14, Изунду го заврши натпреварот со 13 поени, а Батлер запиша 12. Црвена звезда ќе биде домаќин на Панатинаикос во следниот натпревар следниот петок.










