Нов Србин во Скопје, Вардар посилен за Марко Тасиќ

376

Досегашниот ракометар на тимот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ ќе го засили тимот на Вардар следната сезона. Според српските медиуми, трансферот е веќе готов, само треба да се договори одштетата која што Вардар треба да ја плати.

По Вукашин Воркапиќ, Урош Митровиќ и голманот Милан Бомаштар, кој треба да дојде на лето, Тасиќ би бил четвртиот член од сега веќе „српската“ колонија во Вардар.

Тасиќ во моментов има 23 години, а негова специјалност е пред се одбраната. Тој има актуелен договор со тимот на Динамо, па и оттаму и прашањето за отштетата.

Од претходно, договорен е и левиот бек Леон Љевар од Слован Љубљана, што значи дека Вардар веќе активно работи на ростерот за следната сезона.

 

ПретходноВардар го чека пекол во Битола, Пелистер за час ги распродаде билетите
СледноПораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија