Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

89

Македонската репрезентација до 16 години предмалку на вториот пријателски дуел во Скопје против соодветната селекција на Летонија загуби со конечни 0:2.

Откако на првиот меч забележавме победа од 2:1, овојпат избраниците на селекторот Иљами Исејни не ги искористија своите шанси и загубија во рамноправна битка.

Македонија имаше негатива уште од самиот старт на мечот, а противникот го удвои водството во 69. минута.

 

ПретходноНов Србин во Скопје, Вардар посилен за Марко Тасиќ
СледноДобри вести во Барселона, Јамал и Гарсија тренираат со екипата