Формула 1 наскоро официјално ќе објави откажување на трките во Бахреин и Саудиска Арабија. И двете Гран При трки беа закажани да се одржат во април, но настаните ќе бидат откажани поради воени дејствија на Блискиот Исток.
Претходно, Ф1 и ФИА истакнаа дека внимателно ги следат случувањата и ја проценуваат ситуацијата во врска со условите за евентуално одржување на двете Гран При трки.
Формула 1 донела конечна одлука да не се одржат овие настани од безбедносни причини. Официјално соопштение се очекува до крајот на неделата. Речиси е сигурно дека нема да се најдат замени за откажаните трки во Бахреин и Саудиска Арабија.










