ФФМ и ОУРЦ „Иднина“ се придружуваат на глобалната кампања „TotalAccess Week на AccessibAll“

27

Оваа недела започнува 14. издание на глобалната кампања #TotalAccess Week of Action, која e предводена од AccessibAll. Кампањата почнува на 13 март и обединува стотици засегнати страни од фудбалскиот свет – национални федерации, лиги, клубови, спортски центри и заедници, училишта – со единствена цел: да го слават спортот што е пристапен, инклузивен и отворен за сите.

Во периодот до 29 март, #TotalAccess Week потсетува дека лицата со попреченост претставуваат 20–25% од светската популација, односно повеќе од една милијарда луѓе. Фудбалот има моќ да го промени нивниот живот – преку пристапни стадиони, едукативни програми,  инклузивни тимови и можности за активно учество на сите нивоа: од гледалиштето, до играчките терени, тренерските позиции, администрацијата и донесувањето одлуки.

Во рамки на оваа иницијатива, Фудбалската Федерација на Македонија, го објавува интервјуто со Лорета Андреевска – директор на ОУРЦ „Иднина“-Скопје, која ќе зборува за значењето на  проектот ДОПРИ ГО ГОЛОТ во развојот на инклузивни спортски активности. Директорката Андреевска е долгогодишен стручњак во инклузивното образование и силен поддржувач на развивањето достапен  спорт за секое дете.

Иднина, поддржана од ФФМ е добитник на наградата од УЕФА Фондацијата за деца. Со помош на тие средства се реализира проектот ДОПРИ ГО ГОЛОТ. Преку проектот ќе се овозможи обука, алатки и системски пристап за наставници и тренери кои работат со деца со пречки во развој. Крајна цел е фудбалот и спортот воопшто да станат простор  на еднаквост, достоинство и активно учество.

Со овој проект ФФМ и ОУРЦ „Иднина“ и ја испраќаат клучната порака: Инклузивниот спорт не значи присуство – туку активно и значајно учество.

ДЕТАЛИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

ПретходноПРЕСВРТ: Иран бара да ѝ се одземе Мундијалот на Америка?!
СледноБенфика се жали на казната на Мурињо потенцирајќи дека е длабоко неправедна