Големото ракометно дерби кое што ќе се одигра викендов во Битола, помеѓу екипите на Е.Пелистер и Вардар, в недела со почеток од 19:00 часот во салата Боро Чурлески ќе биде пред полни трибини.
Само многу кратко време како што јавуваат од битола, „пламнаа“ билетите за овој спектакл, кој што ама секогаш предизвикува големо внимание.
Е.Пелистер и Вардар ќе играат уште еден незаборабен дуел пред полна сала онака како што доликува на веројатно најголемото спортско ривалство некогаш создадено во Македонија.










