ЖРК Ѓорче Петров го доби големото дерби со Чаир и зачекори кон нова титула

45
фото: Ѓорче Петров - ЖРК (FB)

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петрив го добија големото дерби на 17. коло во домашната Суперлига против главниот противкандидат за титулата, екипата на Чаир со 24:16.

Ѓорчепетровки ја потврдија доминацијата во првенството, со една извонредна партија во сите 60 минути. Домашните ракометарки силно го отворија мечот и брзо направија разлика од 3 гола уште во првите 6-7 минути на мечот. Чаир никако не успеваше да фати ритам и до полувреме веќе беше во голема негатива од 7 гола (13:6).

Во вториот дел домашните ракометарки продолжија силно, ја зголемира предноста на 11 гола до средината на вториот дел (20:9), а потоа само рутински го привршија мечот до победа, која практично ги носи на чекор до титулата.

Ризовска со 5 гола беше најефикасна во редовите на победничките, додека кај Чаир по 4 гола запишаа Дамчевска и Рејеб.

ПретходноГалети за Грозданова: Меланија има потенцијал за големи нешта!
СледноЗа малку трагедија: Кошот се урна врз еден кошаркар на Сплит (ВИДЕО)