Неверојатната партија на Лука Дончиќ, никогаш не постигнал повеќе кошеви во дресот на Лејкерси (ВИДЕО)

131
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Лука Дончиќ одигра прекрасен натпревар против Чикаго Булс, а неговите Лос Анџелес Лејкерс победија со 142:130. Словенечката суперѕвезда на НБА постигна 51 кош, што е негов рекорд во дресот на Лејкерс, додаде 10 скока и девет асистенции, а беше на чекор од трипл-дабл со една асистенција за центаршут на соиграч.

Тој го напушти натпреварот 1:41 пред крајот под навивањето на гледачите. Тоа беше неговиот 13-ти натпревар со најмалку 40 поени во 82 настапи за Лос Анџелес.

Лејкерс (41-25) скокнаа на третото место во Западната конференција со седмата победа во последните осум натпревари, искачувајќи се од шестото место за само една недела благодарение на брилијантноста на Дончиќ.

Рекордот во кариерата на Дончиќ е 73 поени, кој ги постигна во јануари 2024 година за Далас Маверикс во победата против Атланта Хокс. Со оглед на тоа што шутираше брилијантно 25/33 од поле во тој натпревар, тој стана првиот во историјата на НБА што постигна 70 поени со дури 75 проценти успешност во шутирањето.

Леброн Џејмс се врати откако пропушти три натпревари поради повреди на лактот и колкот што ги доби против Денвер Нагетс на 5 март. Тој заврши со 18 поени, седум скока и седум асистенции. Остин Ривс постигна 30 поени и имаше седум асистенции, надминувајќи 5.000 поени во кариерата. Булси беа предводени од Гиди со 27 поени, осум украдени топки и 15 асистенции.

Резултати:

Детроит – Филаделфија 131:109
Индијана – Феникс 108:123
Орландо – Вашингтон 136:131
Атланта – Бруклин 108:97
Мајами – Милвоки 112:105
Мемфис – Далас 112:120
Сан Антонио – Денвер 131:136
Оклахома – Бостон 104:102
ЛА Лејкерс – Чикаго 142:130

ПретходноПролетна табела: Шкендија е прва пред Вардар, Тиквеш е трет а Шкупи уште чека на првиот гол!
СледноОва се репрезентациите кои би можеле да го заменат Иран на СП 2026, а можно е групата Г да биде со три селекции!