Реал Мадрид ќе има бурно лето. Според добро известени извори, радиото Кадена Сер пишува дека „Лос Бланкос“ имаат пдоолг список на желби за пополнување на тимот за следната сезона, затоа што оваа се покажа дека повредите му создадоа големи проблеми на тренерскиот кадар.
Според информациите на Кадена Сер, Реал Мадрид се стреми кон најмалку шест трансфери. На клубот му се потребни еден бек и еден централен дефанзивец, еден дефанзивен играч за врска и плејмејкер, еден десен крилен играч и еден централен напаѓач.
Главната цел е офанзивен играч од средниот ред, кој би можел да ја пополни позицијата што ја имаа Модриќ и Крос. Главен приоритет на Реал Мадрид е Витиња од ПСЖ. Реал, исто така, продолжува да се надева дека ќе го добие Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Останатите имиња засега остануваат непознати, иако и на нив веќе засилено се работи.










