Гвардиола: Ако не го победиме Вест Хем, титулата е загубена

51

Утре тимот на Манчестер Сити оди на гостување кај Вест Хем, во рамките од новото коло во Премиер лигата, а евентуалниот неуспех според менаџерот Пеп Гвардиола значи и збогување во битката за титулата со Арсенал.

„Сега сè е фокусирано на Вест Хем. Овие натпревари се тешки. Освојувањето на Премиер лигата е најтешкиот трофеј. Сè уште сме во борба, но знаеме дека ако изгубиме бодови, тоа е завршено. Задоволство е да се биде во оваа позиција. Минатата сезона не бевме. Кога станува збор за последните 10 кола, секој тим се бори за нешто“ – рече на денешната прес конференција пред утрешниот дуел, Пеп Гвардиола па додаде.

„Секако дека не може да се играат три мечеви за една недела со истите единаесет играчи. Нормално дека имам забелешки на играта против Реал Мадрид. Грешки направени во моите одлуки“ – додаде Пеп во однос на дуелот со Реал, кратко додавајќи дека Халанд е подготвен за викендов.

 

ПретходноНаместо „Финалисимо“, Шпанија ќе игра пријателска против Србија!?
СледноТудор: Имаме две опции, да плачеме или да се бориме