“Го исклучив Роналдо и веќе никогаш не бев делегиран за мечевите на Реал“!

98
фото: Al Nassr (X)

Судењето во фудбалска Шпанија со децении е топ – тема. Додека навивачите на трибините и на социјалните медиуми секојдневно го анализираат секој кадар од видеото од ВАР, обвинувањата за фаворизирање против големите клубови (особено Реал Мадрид и Барселона) станаа дел од фолклорот на Ла Лига. Сепак, ретко е некој што бил во системот да одлучи да проговори.
Хавиер Естрада Фернандез, судијата кој со години делеше правда на терените на Примера, реши да го запали фитилот со својата книга „El partido que no ves“ (Натпреварот што не го гледате).

Тој не пишува само за офсајдите, туку и за психолошката војна, воената дисциплина и невидливите казни што следат по „погрешните“ одлуки.
Во својата книга, тој исто така го истакнува недостатокот на психолошка поддршка за судиите, додека манипулацијата со ВАР технологијата ја смета за средство за измама на јавноста. Најгласното тврдење е она за последиците од покажувањето црвен картон на Кристијано Роналдо. Естрада Фернандес го исклучи Роналдо, а следниот ден добил телефонски повик од судискиот одбор. Иако никој директно не му рекол „грешеше“, тој истакнува дека по таа одлука никогаш повеќе не бил делегиран да му суди на Реал Мадрид.

Хавиер Естрада Фернандес го исклучи Кристијано Роналдо на 5 декември 2009 година за време на натпреварот од 13-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Алмерија. Реал Мадрид ја победи Алмерија со 4:2 на Сантијаго Бернабеу. Роналдо доби два жолти картони само неколку минути пред крајот на натпреварот. Естрада Фернандес тврди дека само 10 минути откако пристигнал дома, претседателот на судиската комисија, Санчез Арминио, го повикал и му дал до знаење дека не е среќен бидејќи таа вест ќе биде на сите насловни страници. Естрада го опиша тоа во книгата како јасна порака дека не мораат ништо директно да ви кажат, но преку делегирањето на судиите, тој разбира дека одредени одлуки против големите клубови имаат професионални последици. Тој исто така го критикуваше начинот на кој функционираат судиите во Шпанија.

ПретходноОва се репрезентациите кои би можеле да го заменат Иран на СП 2026, а можно е групата Г да биде со три селекции!
СледноБилд тврди дека Клоп наскоро ќе биде селектор!