За малку трагедија: Кошот се урна врз еден кошаркар на Сплит (ВИДЕО)

185

Кошаркарот на КК Сплит, Демажо Вигинс, малку недостасуваше сериозно да биде повреден при едно забивање. На натпреварот од хрватската лига против КК Кварнер се случи необична и донекаде шокантна ситуација. Во еден напад, Вигинс направи атрактивно забивање, но во тој момент дојде до целосен колапс на структурата на кошот.

По забивањето, целата конструкција се урна, а најлошо од сè, кошот падна директно врз него. За среќа, според првите информации, американскиот кошаркар не е сериозно повреден, иако сцената на паркетот изгледаше доста драматично. Сепак, со брзата реакција на играчите, беше избегната поголема несреќа.

Натпреварот продолжи набргу потоа.

ПретходноЖРК Ѓорче Петров го доби големото дерби со Чаир и зачекори кон нова титула
СледноРеал немал послаб „пеналџија“ од Винисиус во последните 20 години!