Лука што ти требаше ова? Раскинувањето на Дончиќ со Анамарија Голтес ќе го чини 300.000 долари месечно

201

Голема, огромна фама се дигна околу приватниот живот на играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ кој што ја разкина врската со својата долгогодишна партнерка Анамарија Голтес со која што има две ќерки. Словенецот потврди дека нивната веридба е откажана и дека тие повеќе не се во врска.
Е сега, во американски стил, од сето ова се создаде буквална „сапуница“ во која што Дончиќ нормално е главниот лик.

Тој според американските закони каде што во моментов игра, и според нивните закони, ќе мора да плаќа сериозна алиментација на сега веќе поранешната партнерка, на име на двете ќерки.

Лука и Анамарија, никогаш не стапиле во брак официјално, па оттаму и се што Дончиќ има стекнато како имот не може да биде поделено. Сепак, алиментацијата за ќерките стои и истата според примањата на Дончиќ ќе биде околу 300.000 долари месечно. Со оглед на фактот што неговата плата е три милиони долари на месечно ниво, автоматски сумата за алиментација е таа.

Анамарија Голтес и двете ќерки од март минатата година не се во САД туку се вратија во Словенија, а Дончиќ во Лос Анџелес живее сам. Токму ова тој го посочува како огромен проблем, затоа што семејството многу му недостасувало.

Конечно, кога е во прашање Калифорнија, сојузната држава во САД, правилата на алиментација со оглед на мнгигуте милионери и милијардери таму се пеколни. Па така , што се однесува до НБА лигата на пример Блејк Грифин одвојуваше на име на алиментација, 280.000 долари месечно. Стеф Кари како и Дончиќ плаќа 300.000.

Во правилата кои важат во дговорите за алиментација, а кои се однесуваат на семејства на ултра популарни личности стои дека на децата мора да им се обезбедени приватни летови поради нивна сигурност, обезбедување 24/7 поради истата причина, и ако децата живеат во имот кој што е вреден повеќе од 10 милиони евра, таткото има обврска да го плаќа одржувањето на тој имот.

 

ПретходноБенфика се жали на казната на Мурињо потенцирајќи дека е длабоко неправедна
СледноВардар го чека пекол во Битола, Пелистер за час ги распродаде билетите