Рајс на маса има нов договор со Арсенал

42
фото: Arsenal (X)

Деклан Рајс би можел да потпише нов договор со Арсенал. Би-Би-Си од сигурни извори дознава дека лондончани започнале преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред.

Тековниот договор на Рајс е со важност до летото 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона, но клубот сака да потпише долгорочен договор со играчот. Рајс моментално заработува околу 240.000 фунти неделно, а Арсенал му понудил и зголемување на платата.

Оваа сезона, капитенот на „топчиите“ одигра 29 натпревари од Премиер лигата и имаше пет асистенции.

ПретходноРеал немал послаб „пеналџија“ од Винисиус во последните 20 години!
СледноВо Белград падна шампионот: Ц. Звезда го совлада Фенер и најави борба за плеј-оф