Судии за ПМФЛ: Качевски на “центарот“ во Кратово, Трпчевски ќе суди утре на Арената

285

Утре стартува третиот круг од тековната сезона во нашата елитна лига. Преостануваат уште 11 кола по кои и дефинитивно ќе се знае кој ќе биде шампион, кој ќе игра во Европа и секако кои екипи ќе се преселат во понизок ранг.

Утре на програмата се два меча, додека по два се играат и во недела и во понеделник.

Познати се и судиите за овие мечеви. Па така во Кратово, каде Силекс го дочекува Пелистер, за главен судија е делегиран Јован Качевски од Струга, додека утре на Арената во Скопје, каде Вардар ја дочекува Брера главен судија ќе биде Стојанче Трчевски од Скопје.

Во продолжение ги имате сите двојки, термини и сатници како судии за сите мечеви од 23.коло во ПМФЛ.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО ВО ПМФЛ

САБОТА

Струга ТЛ – Македонија ЃП (Благојче Ралевски) 12 Ч

Вардар – Брера (Стојанче Трпчевски) 14:30 Ч

НЕДЕЛА

Тиквеш – Шкупи (Ндерим Тефику) 12 Ч

Шкендија – Арсими (Доне Ристовски) 14:30 Ч

ПОНЕДЕЛНИК

Силекс – Пелистер (Јован Качевски) 14:30 Ч

Башкими – Работнички (Крумислав Ѓорѓиев) 14:30 Ч

ПретходноТудор: Имаме две опции, да плачеме или да се бориме
СледноШампионот ја доби драмата во Негорци: Во село или град МЗТ е на прав пат!