Антонели за историјата – најмладиот на „пол“ позиција во Ф1

172
Фото: Формула 1 Х

Италијанскиот возач Андреа Кими Антонели го освои првото место во квалификациите за првата трка од сезоната во Формула 1 во Кина и го запиша своето име во историјата.

Незаборавен момент се случи во квалификациите за првата трка од сезоната, за Големата награда на Кина, на патеката во Шангај.

За Антонели, пилот на Мерцедес, ова е првата „пол“ позиција во неговата кариера, со која тој ја напиша и историјата на натпреварувањето, бидејќи стана најмладиот возач што стартувал од првото место на трката во „најбрзиот циркус“.

Италијанскиот возач ќе наполни 20 години во август. Тој го сруши претходниот 18-годишен рекорд што го држеше Себастијан Фетел, кој на 21 година ја освои првата пол-позиција во кариерата, во квалификациите во 2008 година во Монца.

Зад Антонели во првата трка од сезоната ќе стартува неговиот клупски колега Џорџ Расел. Дуото на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер, ќе стартува од вториот ред, потоа, петти и шести, дуото на Мекларен, Оскар Пјастри и актуелниот шампион Ландо Норис.

Пјер Гасли од Алпин ја започнува трката седми, Макс Верстапен е само осми…

 

ПретходноСтруга Трим Лум има една и единствена цел против Македонија Ѓ.П
СледноЛазаревски: Лани ни беше лекција дека не треба да се прогнозира рано во шампионатот!