Барди се радуваше на победа во “македонското дерби“ во Турција!

126
фото: Halil Yılmazer (X)

Коџаелиспор – Коњаспор 1:2 во меч од 26.коло во турската Суперлига. За нас ништо интересно, ама ако се знае дека за двата тима играат Дарко Чурлинов и репрезентативниот капитен Енис Барди, секако дека тоа е некоја друга приказна. Значи на “македонското дерби“ во Турција се радуваше Барди.

Дарко Чурлинов беше стартер кај домашните и во игра беше се до 78.минута, додека Енис Барди мечот го започна на клупата, а во игра влезе во 65.минута.

Домашните поведоа со голот на 59.минута, за да потоа Барди и другарите со два гола направија пресврт и освоија големи три бода. Крамер во 86.минута израмни, за да Мулека од пенал во 90+4.минута беа стрелците за Коњаспор.

ПретходноПричината е Мбапе: Реал Мадрид и Франција во сериозен конфликт!
СледноПМФЛ: Струга ТЛ со убедлива победа го отвори “третиот круг“!