Така е тоа во фудбалот, се игра до последниот свиреж на судијата. Вардар – Брера 1:0 и тоа со гол од пенал во 90+7.минута. Секунди ја делеа Брера од нов подвиг, но сепак на крајот гостите од Струмица се поразени. А одиграа фантастично во одбраната до тој момент, просто во очај го фрлија вардарци на кои победата и тоа како им беше непходна. И кога се чинеше дека по Шкендија, Брера ќе му откине и на Вардар два бода, дојде тој момент во 90+4.минута и пеналот за Вардар. Додека судијата Трпчевски ја гледаше снимката ако се знае дека и ВАР реагираше зошто Трпчевски во прв момент не свирна пенал, минаа неколку минути за да Закариќ беше успешен „пеналџија“ за победа на Вардар од 1:0.



















