Пелистер 2 попладнево во меч од плеј – аутот успеа на свој терен во салата “Боро Чурлевски“ во Битола да го совлада Радовиш со 34:31. И самиот резултат покажува дека фаворитот и тоа како се измачи за да дојде до бодовите против гостинскиот состав.
Во првиот дел се беше во рамките на очекувањата, Пелистер 2 на пауза замина со предност од 18:13, но затоа во второто полувреме Радовиш и тоа како “покажа заби“ што се вели. Во финишот гостинскиот состав дојде и до -1, беше 32:31, но сепак на крајот домашните славеа победа.
Баптист и Мохамед запишаа по седум голови кај победничкиот на Пелистер 2, додека кај Радовиш најефикасен беше Јанковски со осум погодоци.










