Квалификации за ЕП 2027: Македонските кошаркарки гостуваат кај фаворитот Грција

30

Натпревар број 2 во мартовскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскет от во 22027 година за нашата женска сениорска репрезентација.

Денеска (14.30 часот), македонските девојки имаат ново , и тоа како тешко гостување. Играат во Солун, против репрезентацијата на Грција.

Извесно домашната селекција е изразит фаворит, веројатно дополнително мотивиран по убедливиот пораз кој го доживеа пред некоја вечер на гостувањето во Шибеник, каде репрезентацијата на Хрватска дојде до убедлив триумф и веројатно прво место во групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскет 2027.

Пред составот кој го води селекторот Александар Ашаданов, доста тешка задача, да се опорави од поразот од Данска, и да собере сили, енергија да шрикаже колку што е тоа можно во овој тим, подобра игра од онаа пред неколку дена во предградието на Копенхаген.

Нема да им биде воопшто лесно, но и тие 40.минути покажаа дека за нешто повеќе, ќе ни треба и поголема поддршка која треба да ја добијат оние поискусни кошаркари во овој ростер како Стојановска, Хемпе и Селцова, кои и прикажаа најмногу на претходниот меч од квалификациите во кои ја загубивме шансата за пласман на третата позиција која обезбедува место во следната натпреварувачка фаза.

Во Скопје, иако загубивме (84:101), му дадовме голем отпор на фаворитот, надежите се и денеска да повториме една таква игра и во спортскиот центар „Иванофио“ во Солун.

ГРУПА „Ф“

ДВОЈКИ 5. КОЛО (ДЕНЕСКА):

14.30: Грција – МАКЕДОНИЈА

15.00: Данска – Хрватска

ТАБЕЛА

1. Хрватска 4 3 1 334:290 7

2, Грција 4 2 2 344:341 6

3. Данска 4 2 2 375:310

4. МАКЕДОНИЈА 4 1 3 275:387 5

ПретходноВардар се враќа на Арената: „Црвено-црните“ без отстапки и против Брера
СледноМакедонија У21 добива нов курс и смена на генерација: Повици за Дураков, Стојаноски, Масларов, Куртиши…