Кожув не се испоти за победа над Ангели

55
фото: КК Кожуф (FB)

Убедлива победа за кошаркарките на Кожув на денешниот последен натпревар од 19. коло во домашниот шампионат. На гостувањето против Ангели, тимот од Гевгелија имаше апсолутна доминација, славеше со 69:99 и на крајот ја прокнижи својата десетта победа со која и натаму останува меѓу кандидатите за пласман во плеј-офот.

Денеска, Кожув одигра одлично тимски, па дури петмина кошаркари на крајот завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Декариус со 16, а по него и нашиот репрезентативец Симиќ со 15 поени. Хауг со 16 и Цуцковиќ со 14 поени беа најистакнати кај домашните.

Ангели денеска го запишаа 18-иот пораз и останаа залепени на дното на табелата.

ПретходноФИФА сака да го зголеми бројот на учесници на Светското клупско првенство, УЕФА ќе го блокира!
СледноНа стадионот во Кочани поставени бисти на двајца навивачи кои загинаа во несреќата во „Пулс“ (ВИДЕО)