Овој викенд ќе биде и тоа како интересен, на програмата се два дерби дуели. Денеска Алаклоид му гостува на ГРК Охрид, додека пак утре во Битола пред полни трибини се игра вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар. „Црвено-црните“ имаат четири бода предност во однос на директниот конкурент за титулата, па победа за нив ќе значи широко отворени порти кон враќање на пехарот дома.
Милан Лазаревски пред мечот во Битола е претпазлив, не само за пресметката, туку и за крајниот епилог. Искуството од минатата сезона е причина поради која е резервиран во однос на титулата.
„Земајќи го в предвид епилогот од минатата сезона, сè додека не го освоиме и не го допрам со свои раце пехарот ќе станеме шампиони. Сега поискусно, нема прерано да давам свои прогнози ниту пак да кажувам дека рано ќе ја завршиме задачата. Станува збор за исклучително квалитетни екипи. Алкалоид тешко го победивме, Охрид и Пелистер сериозно инвестираат и не се наивни. Допрва ќе се игра плеј-офот. Ако го победиме Пелистер во Битола би било идеално, ама лани ни беше лекција дека не треба да се прогнозира рано во шампионатот и јас како индивидуалец, но и целиот колектив“, изјави Лазаревски.
Мечот меѓу Пелистер и Вардар се играа утре со почеток во 19 часот, билети повеќе нема.










