Натпреварот од кошаркарската Супер-лига меѓу Пелистер и Гостивар што требаше да биде одигран утре, е презакажан за понеделник со почеток во 19 часот.
Причина за одлагањето е трагичната смрт на спортскиот директор на КК Гостивар, Ѓорѓи Божиноски, кој почина денеска.
„КК Гостивар побара, а Пелистер без размислување прифати – дуелот да биде презакажан и истиот ќе биде на програмата в понеделник. КК Пелистер во оваа прилика искажува искрено сочувство до КК Гостивар и до семејството на Ѓорѓи Божиноски“, сооптшија од таборот на Пелистер.










