Наполи со пресврт до три бода, Елмас одигра едно полувреме

116

Фудбалерите на Наполи стигнаа до третата последователна победа во Серија А откако вечерва славеа на домашен терен по пресвртот од 2-1 против Лече во натпреварот од 29-тото коло од Серија А.

И вечерва нашиот елиф Елмас беше стартер за домашните, но го одигра само првото полувреме, пред да биде заменет при водство на гостите од 0:1. Лече влезе во натпреварот многу подобро, а наградата дојде во третата минута кога Џамил Зиберт постигна гол.

Наполи израмни во првата минута од вториот дел, кога Расмус Хојлунд, во манир на одличен напаѓач, реализираше по додавањето на Политано. Од тој момент, Наполи тргна на победа и резултатот стигна токму со голот на Политано во 67. минута.

Со оваа победа Наполи се приближи до второпласираниот Милан на само еден бод заостанување.

ПретходноАлкалоид му скина бод на европски ГРК Охрид
СледноРастодер повторно погоди: 12-ти гол за нашиот репрезентативец во Швајцарија