Не знае за доста: Марио Илиевски повторно стрелец за Приштина!

52
ФОТО:.facebook.com/FCPrishtina

И дефинитивно Марио Илиевски е во одлична голгетерска форма. Македонскиот напаѓач и попладнево се запиша во листата на стрелците за својата Приштина во меч од 24.коло во елитната лига на Косово. Илиевски против гостинската екипа на Приштина е Ре, успеа да му донесе водство на својот тим во 37.минута. Сепак ова не беше доволно за победа на Приштина со оглед на тоа дека гостите успеаја да израмнат во 72.минута.

Инаку денешниот гол на Марио Илиевски беше 11-ти во тековната сезона во дресот на Приштина, па така сега е на делба на втората позиција на листата на стрелците заедно со Сенад Јаровиќ, некогашниот напаѓач на Струга ТЛ кој игра за тимот на Гњилане.

ПретходноСупер вест за Ханси Флик и Барселона!
СледноПодмладената Македонија убедливо поразена од Грција