Во рамките од новото 23. коло од ПМФЛ шампионатот во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје тимот на Вардар ја пречекува Брера.
На полувреме резултатот е 0:0, во игра во која Вардар имаше повеќе ситуации да го отвори резултатот.
Омерагиќ имаше две ситуации од кој едната со глава по корнер, а едната по грешката на Велкоски и асистенцијата на Тодоровски во која шутираше покрај голот. Матиќ имаше ситуација од прекин но стоперот беше непрецизен. Бабунски се обиде од поле но и од прекин, но неговите удари завршија над голот.















