ПМФЛ: Струга ТЛ со убедлива победа го отвори “третиот круг“!

68

Струга ТЛ – Македонија ЃП 3:0 е исходот од првиот меч од 23.коло или третиот круг во сезоната. Лесно, убедливо, едноставно Струга ТЛ и тоа како си го искажа сиот свој квалитет против “лавовите“ кои просто разочараа на оваа средба во Струга. Ова е само второ пролетна победа за Струга ТЛ, со која се зацврсти уште повеќе на третата позиција на табелата и им се приближи на Вардар на -5 и на Шкендија на -2 бода,но овие две екипи имаат меч помалку.

Уште во 7.минута се виде каде ќе оди овој меч. Хамза силно шутираше а гостиснскиот голман Јанков направи голем кикс, па таа топка од рацете му се протна низ нозете за 1:0 за домашните.

Веќе во 26.минута беше 2:0 кога Бојку стрелаше со “помош“ на Перес за 2:0.

Јевтоски во 31.минута од слободен удар ја погоди стативата, а десет минути подоцна погоди за убедливи 3:0, резултат со кој се замина и на пауза.

А во второто полувреме ништо ново. Стружани продолжија со нападите и шансите, ги имаа Воша, Компаоре и Јевтоски до 58.минута, но резултатот остана оној од првиот дел, 3:0 за тимот на Бледи Шкемби.

Во продолжение од средбата тој со неколку измени им даде шанса на дел од своите „резервисти“, па и затоа останаа тие 3:0 до крајот на оваа средба.

ПретходноБарди се радуваше на победа во “македонското дерби“ во Турција!
СледноФеникс 2010 го “реши“ Работнички!