Македонските национален тим до 21. година, а секако се надеваме наскоро и А репрезентацијата, добиваат големо засилување кое што пристигнува од Швајцарија.
Скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македонија на чело со директорот Николче Новески периодов напорно работи, а тоа вродува со плод. Доведени се неколку имиња од дијаспората кои што се одлучуваат да го носат дресот на Македонија, и тоа е одлично да се слушне.
Спортспорт дознава дека Македонија од овој мартовски репрезентативец прозорец е посилна за Мухамед Куртиши од Базел, момчето кое што досега настапуваше за репрезентацијата на Швајцарија.
Тој има секако потекло од Македонија, има и наш пасош, па се одлучи оној спортскиот секако да го промени и да настапува за нашиот национален тим.
Куртиши е момче кое што е родено во 2008 година но кое има огромен потенцијал и квалитет. Игра на позицијата лев крилен напаѓач и е со потекло од Куманово. Веќе со успех настапува за У19 тимот на Базел, а наскоро ќе биде прекомандуван и во У21 тимот. Македонија ќе го повика за претстојниот мартовски квалификациски прозорец.










