Тажна вест во мак – кошарката. Како што предмалку беше објавено на социјалните мрежи на КК Гостивар, почина Ѓорѓи Божиноски, спортски директор и еден од основачите на клубот.
Токму затоа КК Гостивар со пригодни зборови се прости од Божиноски:
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски – спортски директор, еден од основачите на нашиот клуб.
“Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, тој беше еден од темелите врз кои се градеше нашата приказна. Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот.
Покрај спортот, Ѓорѓи беше почитуван и како долгогодишен директор во ЕСМ Гостивар, каде со својата работа и професионалност придонесе за развојот на институцијата и за доброто на градот.
Ќе го паметиме како човек со големо срце, искрен пријател и вистински спортски работник.
Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познаваа.
Нека почива во мир.
Слава му.“










