Феникс 2010 го “реши“ Работнички!

34

Во првиот меч од 19.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Феникс 2010 како домаќин успеа да го победи Работнички со 83:77. Ова е седма пбеда на Феникс 2010 и 12-ти пораз за тимот од Градски Парк.

Домашните далеку подобро го отворија овој меч, ја добија првата четвртина со 28:19. Во продолжение од средбата, поточно во вториот период, Работнички се обиде да се “врати“, ја доби четвртината со 14:17, но сепак на пауза се замина со предност на домашните.

Во “второто полувреме“ голема борба на паркетот во малата сала “Јане Сандански“, гостите имаа шанса да дојде до пресврт ако се знае дека на нешто повеќе од една минута имаше само -1 поен.

Сепак домашните знаеја како да го приведат меч до крај во своја корист и затоа заслужено победија. Со овој пораз Работнички си ги намали шансите за пласман во плеј-офот.

Кога сме кај поентерите, најефикасен на средбата беше Ефремовски кај Работнички со 24 поени, додека кај победничкиот состав Дајсон запиша 23 поени.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ со убедлива победа го отвори “третиот круг“!
СледноВториот тим на Пелистер се измачи против Радовиш