Алкалоид му скина бод на европски ГРК Охрид

158
фото: RK Alkaloid (FB)

Во преполната сала „Билјанини Извори“, екипата на Алкалоид успеа да освои еден бод на тешкото гостување кај Охрид играјќи нерешено 27:27. Момците на Лазаров успеаја да оддолеат на аспирациите на домашниот тим за победа и на крајот да поделат по бод во едно исклучително дерби меѓу два тима кои се борат за највисок пласман.

Натпреварот започна израмнето, впрочем, како што беше во сите 60 минути. Алкалоид поведе на стартот, но до десеттатат инува, Охрид го презеде водството одржувајќи го на плус еден (5:4). Кон средината на првиот дел, Алкалоид успеа да направи пресврт. Со три гола на Никола Костески во серија, Алкалоид од 7:6 за домашните, дојде до 7:9. Алкалоид одржуваше предност се до последните пет минути од првиот дел, кога Охрид повторно зеде залет и со голот на Петриќ во 27. минута дојде до водство од 12:11. До крајот на првиот дел Алкалоид успеа да се врати во предност и на крајот на првиот дел да одат со минимална предност од 13:14.

Во првите 6 минути од вториот дел гостите одржуваа предност, но потоа Охрид влезе во серија и дојде до прво водство во второто полувреме од 18:17. неизвесноста и драмата со наизменично менување во водство продолжи. Охрид дојде до плус два, па Алкалоид успеа да направи пресврт и на 9 минути пред крајот гостите имаа два гола предност (24:26). Охрид успеа да се врати и од оваа негатива, па и да поведе со 27:26, но со голот на Борзаш Алкалоид израми, а до крајот во последните минута и пол не видовме гол за конечно реми.

Ѓукиќ со 8 гола беше најефикасен кај екипата на Охрид, каде Иванковиж и Стрмљан постигнаа по 4 гола. Во редовите на Алкалоид, најефикасен беше Никола Костески со 6 гола, а по 4 постигнаа Борзаш, Марко Митев и Ненад Костески.

ПретходноНа стадионот во Кочани поставени бисти на двајца навивачи кои загинаа во несреќата во „Пулс“ (ВИДЕО)
СледноНаполи со пресврт до три бода, Елмас одигра едно полувреме